вторник, мај 16, 2006

КОНТРАПУНКТ#112

(…) Антонио Негри врвот на популарноста го достигна со својата книга Империја (издадена 2000 година), напишана заедно со младиот американски професор Мајкл Хард. Во меѓувреме, Империја го доби и своето продолжение, книгата објавена 2004: Мноштво; војната и демократијата во времето на империјата..

Се разбира, постојат многу причини зошто нам би можеле да ни бидат важни идеите на Негри, но една, за почеток, ќе издвојам: клучната тема на Негри е можноста "да се излезе од капитализмот". Со оглед на фактот дека Република Македонија делумно не е ни влезена во капитализмот, можно е нашиот пат до "излезот" да биде покус?! Втората важна тема на Негри е можноста да се конституира поинаков тип заедница, наречена "Мноштво" (Multitude), наместо некогашниот "народ" или "пролетеријат". Велам, оваа тема за нас може да биде особено важна зашто и кај нас се случува истиот загрижувачки процес што посебно нагласено ги тресе "транзициските" земји: драматичното преминување на општествениот живот од социјалистичката фаза на супер-јавно во новата фаза кога сè станува супер-приватно. Општеството просто незапирливо се атомизира и фрагментаризира, а политичарите се ставени речиси во улога на сеирџии кои веќе воопшто не можат да влијаат врз процесите.
(…) Негри, на пример, мисли дека од чисто правните категории треба да се свртиме кон нови, кои не го преиспитуваат само традиционалното подрачје на јавното и приватното, туку одново се прашуваат што е она што воопшто ја создава заедницата? Што е заедничкото во заедницата? Притоа, Негри на заедницата гледа како на некој кој ги врши јавните работи, но не мисли на јавноста со која управува државата туку на онаа јавност управувана од луѓето, од граѓаните што учествуваат. Заедницата, според Негри, не е ништо друго освен тоа учествување, таа не е ништо органско ниту правно, туку е самата таа партиципација и слобода.

(…) Негри и Хард, за разлика од традиционалните левичари и десничари кои глобализацијата ја сметаат како врвна опасност, позитивно гледаат на расточувањето на традиционалните категории на националноста. Преку планетарната информатизација, сметаат тие, глобалниот капитализам всушност си создаде услови за сопствено пропаѓање. Тие докажуваат дека широката информатизација и вмрежувањето доведуваат до поголемо производство на заедничкото од кога било порано. Токму зашто целото општествено и економско производство денес е вмрежено, ни се случува заедничката природа на творечката општествена активност и растечката важност на нематеријалната работа, онаа работа која произведува идеи, симболи, кодови, текстови, лингвистички фигури, слики и други слични производи. Паралелно со тоа оди зголемувањето на важноста на емоциите меѓу луѓето и воопшто на нивните меѓусебни односи. Тоа, се разбира, не значи дека исчезнува индустрискиот труд во фабриките туку дека таквиот труд сè повеќе е исполнет со нематеријална и афективна работа.
(…) Да заклучиме: Негри и Хард не нудат нацрт за она што треба да се направи туку се обидуваат да разработат филозофска база врз која би можела да фукционира глобално поправедна демократија. Во основа, според еден од нивните критичари, Стивен Шавиро, тие бараат масовен чин на имагинација и на пронаоѓање - нешто што не можат да го направат теоретичарите, туку нешто што треба да се појави во текот на стварните општествени практики на бегство и трансформација. Тие ги покажуваат начините на кои конкретните реформистички движења можат да помогнат за да се случат порадикалните исходи (отфрлајќи ги старите марксистички опозиции помеѓу "реформата" и "револуцијата").
Иако Стивен Шавиро наоѓа сериозни слабости во ново-старата политичка идеја за "мноштвото" кое ќе го замени "народот", тој инсистира на тоа дека позицијата на Негри и Хард е многу важна, оти тие нудат сосема нови рефлексии и решенија базирани врз постоечките процеси; нема ништо полошо, смета Шавиро, од ситуацијата кога луѓето на левицата или десницата ја отфрлаат сегашноста сметајќи ја за непоправлива и го бараат враќањето на "старите добри времиња" кои ионака никогаш не постоеле.

www.kontrapunkt-mk.org

недела, април 30, 2006

КОНТРАПУНКТ#111

Секои две недели на блогов ќе можете да ги коментирате текстовите на Никола Гелевски од Утрински весник. Се надеваме дека тоа нема да бидат единствените содржини на овој тупнат (за љуљање:) блог, но... сеа за сеа, слабо ни оди, многу работа, саем... ама ќе го биде! Кад-тад! Нема сигурно да умре ко тамагучи галеничињата?! Не бе! Блог е то! Бесмртен е! Дур и коа е мртов!

ЛАЖЛИВОСТА НА ОКОТО И УВОТО

Занимавањето со политика, особено во предизборен период, секогаш ме потсетува на согледувањата на антропологот Мишел Розалдо; тој ни вели дека во споровите меѓу филипинските човекојадци на учесниците не им е битно дали се лаже или се зборува вистина. Тие велат дека “вистината” помалку зависи од она “што се случило”, а повеќе од квалитетот на интеракциите во кои е “најважно кој што зборува”.

Политиката како своевиден канибализам? Па да! Политиката како лага? Се разбира! Но, притоа мора да се знае дека политиката е најелементарната општествена вештина, нешто врз што се гради секоја човечка заедница. Така што: човекојадци и лажговци повеќе-помалку сме сите. Хераклит велеше: Окото и увото се лажливи сведоци кај луѓето со варварска душа. (...)

Фридрих Ниче го сметаше светот за суров, противречен, измамлив и бесмислен, од што заклучуваше дека нам лагите ни се неопходни за воопшто да можеме да живееме во една толку гнасна стварност. Кемпбел прашува: дали тоа значи дека невистината е повеќе “на страната на животот” од вистината? Можеби таа повеќе придонесува за кохерентноста на човечката и на која било друга природна заедница, отколку честопати едностраната вистина која може да биде немилосрдна, опасна и разурнувачка?

Можеби по таа линија на разликувањето на комплексноста на нашето барање по верата и вистината ќе се одвива вистинското интелектуално и политичко раздвојување помеѓу 20-иот век, веројатно најбруталниот век во историјата на човечкиот род, и нашиот 21 век, кој допрва ќе треба да го создаваме, меѓу другото и креирајќи нови вредности и преиспитувајќи ги досегашните идеи за “вистината” и “верата”?! (...)

Нешто слично вели и поетесата Адриен Рич: “Не постои 'таа и таа вистина' или 'некоја вистина' - вистината не е ствар, не е дури ни еден систем. Таа е растечка сложеност. Шарите на тепихот се само неговата површина. Кога ќе го погледнеме одблизу, или кога ќе станеме ткајачи, ги запознаваме безбројните ситни конци, со јазли врз наличјето на тепихот, кои и не се гледаат во шарите на површината”.

Не ви помогнав за кого ќе гласате, почитувани сограѓани и согласачи? Не ја раздвоив “вистината” од “лагата”? Во крајна линија, онака како што лично ќе си го поставите за вас најважното прашање - така ќе се распетла изборниот одговор! Ваша работа си е! Но наша заедничка работа е, сепак, да си ги култивираме и очите и ушите и душите, оти варварството ни е внатре.

www.kontrapunkt-mk.org

сабота, април 08, 2006

Толкувачи на сонот!

Комар и Меламид, enfants terribles на светот на уметноста во доцниот Советски Сојуз, ја прикажаа советската култура во низа пародиски, крајно богохулни, но исто така и амбивалентни слики каква што е, да речеме, сликата на црвениот барјак со слоганот “Фала ти друже Сталин за нашето среќно детство”. Во таа порака има и подбивање и носталгија кон светот каков што тој требал да биде. Јазот помеѓу утопиското ветување во кое децата верувале, и дистописката стварност што тие ја искусиле како возрасни, навистина може да ја разбуди силата која на крајот ќе го разурне целиот колектив. Будењето е моментот во кој волшепството престанува - момент во кој се гледа дека сонот е само сон. Но, за политичкото будење потребно е уште нешто. Тоа бара колективните желби, кои својот израз го пронашле во социјалистичкиот сон, да се спасат пред да се заборават и пред да се слизнат во несвесното. Тоа спасување е задача за толкувачите на сништата.
(...) Бенјамин тврди: “Мораме да се разбудиме од светот на нашите родители”. Но, што да се бара од генерацијата чиишто родители ништо не сонуваат?
Сузан Бак-Морс

петок, март 31, 2006

Ќе го биде или не, блочка?

Бебето-монструм на Ре(зиме), познат секач од областа на 32-те (пре)свет(л)и терминологии од црната идентитетска дупка, кој живее ноќе, дење живуцка, зиме светлуцка, лете дремуцка, да тоа Бебе Франк енд РАМ Штајн, двојна, полислојна, поројна личност во раст и развој, живее, да, живее тука! Кој е Ре(з!), има ли име; кој е Бебе, има ли поим за себе? Ќе го осве(с)тиме ли тоа нечовечко семе што дреме? Јас сум само еден лик, што ликуцка, по малку клуцка, по нешто грицка, ситно крик-крицка, срамежливо куцка по тас-та-та-тира! вака: “Дали е ова царство на другарство, или само уште еден блог, уште еден пост, модерен, современ, безимен, резимен...”

Од Бунточка

петок, март 24, 2006

Rez(ime) - Vistinski se oglasue

Ne priam chestitki! Ne e moj blogot, iako Vuna e genij, go naprail, da go ebam! Al ne go priznavam detevo, seushte! Kje praime kolektiven blog, nie tochkashite, ne bi izdrzhal sopstven:) Aj zdrao, vozdrzhete se od chestitki, do slednata prilika:)

* * * * *

Не, не, за оф-топик имаш Златна малина на Космосот, ебате, драга Етничка! Немаш конкуренција! Ко да сум тупнал сред тунел, кај Алиса, ебате, ова муабетиве, околу мене! Немаш ли некоја приватна линија, бе, мила, за спортсмени етцр?! Него за друго се пријавуем: неам блог!!! Само Вуна ме заебаа, ми стаил бебе во тоа моето сврачие гнездо кајшто ги кријам крадениве светлуцавости - и сеа сака да го љуљам тоа бебе! Сврака да љуља! Е, па не може! Ја сум лопов! По материјалните нешта&спиритуални! Бебе - бљак! Блог - абе ќе ме сотре! Лет ќе ми сјебе! Домети&дострели! Така што - официјално негирам! Барам генетски тест! Мое - не е! П.С. Ал може ќе стане наше... Праиме преговори, ако ни дозволи етичкиот комитет, сакаме да напраиме монструм од бебето! Ал о том потом, ебате Етната, севременската кралица на оф-топик содржините!

Шо значи, проектот на Рез(име) - Народен пропаѓа у вода.

Ал точка блого е на повидок. :) Со еден удар, место мува, цело осило кутнавме!

четврток, март 23, 2006

usheden post

Од Кабинетот на Контра Бандаж..

Адреналина Бомбина..

У потпис, Рез

prv post

prv post neka bide komentarot kaj blogot na vuna na postot za nasata trash kralica...

Не знаеш, бе, ти, машко да почитуеш треш, многу сте ми забегани (с Букарскога) по сељачки&мачоистички стилови... Шо не идете у тератана, да се разладите малку?! Ил на бокс, ил на сумо?! Остајте ги раат тие треш икончиња, ебате! Ко слаткиш е малиот дебелко! Со златото ептен е кул, стил - боли глава, одлепуе, флотира, ја би му стаил плус ловачка капа, пердуви, туфка на гзот ко плејбој зечица... Што ви е, бе, клинци, Вуна&Букарски и воопшто тоа јебано омладинско македонско мнозинство?! Што имате против педери&драгквинови, мамицата ваша?! Па, зар не е повесело и пошарено?! Па, зар не е тисуќу модних цветова, т.е. плурализам на животни стилови&ориентации, зар не е демократија, де ве ебам заостанатите?! Идите кај комитите и чкембарите, ебате конзервативните блогери! Идите на тепачки со кучиња, тркајте се со мотори, кршите глави со шишиња, меѓу себе, фраеришта! Влечете девојки за коса низ парк, со буздован да шетате у ноќен провод! Глеајте го Јанкота, бе, на крај краева, така?! Ете ви фраер, ете ви мачо, ете ви идол! Башка, и блогери сака?! И сељачкиот хумор на Букарскога (заедно с интелектуалца Боцевскога, интелектуалца од треќу лигу, додуше, ал ко те пита, пичи само, јухууу!) го сака Јанкота наш, шта ќеш више, мили Офчарчо?! Башка, стварно и други многу јаки водители иаме на сите твеа, па најмал проблем да го прештекате драгквинот, Вуна?! Него, да го глеате Броукбек маунтин, го глеав вчера, супер е! Остајте тоа Калина што збори, Броубек е бољи филм од Крешот на Калина! Спремен сум да се расправам за тоа до крв! Посубверзивен, а потивок, поскромен, покласичен, целиот ве детали направен, со неверојатно добар кастинг, мирен, питом, ко река, ебате - моќен филм! На преваспитање со филмот, ебате малите хомофоби! И кај Жарко, исто, на преваспитање, ем закони ем филмови! Какво понашање е ова, бе, по блогове, ви се молам?!

* * * * *

Знаеш, Калина, што е најмоќното во Скршената планина (ај така да го наречам:) : што си е мирен, права американска класика, ал пицнат до лудило, до најситен детаљ, и феноменална, исто мирна, ненападна, монтажа, се‘ така совршено тече... А ликовите други (не зборам за двајцава батки-лепотани, осеќам дек веќ вени сече и хетеро и хомо Америка, жива да ни е!, комплет со топовите, да ги ебам!) - другите ликови, значи, исто, брилијанција, сите девојки - феноменални! То трештат притаени емоции, ал се‘ под жито, тивко, никој не рикиња&рокиња, ал шлапаат емоции од сите страни, бол, а башка и општествена супресија, ебате, ал не мавта знамиња Анг Ли, и тоа крајно дискретно, во позадина, ко прав Кинез, мајстор, зен, природа, тивко... Ал има страст! И тресе! И меѓ мажи-мажи и меѓ мажи-жени, жени-жени (таа дрдорката, на тоа приемот ли, кај беа?! каков лик, јеботе!), па и децата, нали, која трогателност то тинејџерката коа сака да се пресели кај својот геј татко, солзи да ти потечат, ебате - а децата, кутри, стално жртви, си ги собра парталчињата, разбира она, кутрата... И плус хумор има! Супер хумор! Дискретен! Ало, Букарски&Вуна! Отмен, ебате! А и овци има мал милион (Шепард:), и едно кученце кое као ги чува, еден одвратен хомофоб, газда на овците, да го срљнеш низ литица некоја колку е одвратен... И то со овците, исто - супер хумор, на моменти... А Америка - прекрасна! То камиончињата од шеесеттите, то брвнарчиња, природа, оние монтажнине куќички, па приколици... ал народ доста суров, по родеа, мачоа (овде ги иаме за извоз, Калинче, да не ти треба некој? Со ласо да го дофатам?!), се макљаат, по некој педер затепујат... Да завршам: супер филм, стварно. Да обединам расправа откај Би: ем класика, значи (скроз е филмот во тој филм! Ко некоја посвета на Америка е, да го ебам, портрет, доста слоевит, ал јак! Здрмуе!), ем, од друга страна, чиста незауздана субверзија, уметност, начукуење на малограѓаните... Да, таква треба да биде уметноста, Би, мада то последниот коментар ти е безвезе, жива конфузија, се надевам нема Калинче да вади то американските винчестерки! П.С. А ти, Вуна, на курс кај Жарета, повторуем! Со Букарски, за рачиња, и мирни да бидете!